врв

Процесот на ексфолијација на кожата е природен процес. Понекогаш, овој процес на отстранување на мртви клетки може да се забави поради повеќе фактори како загадување, зголемено производство на себум, прекумерно сончање без користење на соодветна заштита итн. Користењето на киселини, конкретно AHA и BHA киселини за домашна употреба но и во форма на хемиски пилинзи е одличен начин како да се забрза регенерацијата на кожата и како побрзо да се отстранат мртвите клетки од површината.

За примената и придобивките од користењето на AHA и BHA киселините разговаравме со Др. Искра Петровска Шешова, Специјалист Дерматолог од Дерматолошко Естетска Ординација Др. Искра.

 

AHA и BHA киселините се едни од почесто употребуваните киселини во естетската медицина, но имаат широка примена и во козметичките производи. Може да ги најдеме во серумите, кремите, геловите за миење и др. За правилно користење, важно е да ја знаеме разликата помеѓу овие две групи на киселини.

AHA киселините се растворливи во вода и се одличен избор за нега на кожа со акни и лузни од акни, против создавање на брчки, против пигментации и во третмани за подмладување. Тие дејствуваат на површинските слоеви. Користењето на овие киселините треба да е конзистентно и долгорочно – видливи резултати после употреба на АХА киселини може да се видат по минимум 6 месеци.

Најкористени AHA киселини се гликолната, млечната и лимонската киселина.

Гликолната киселина се користи во третмани на акни и лузни од акни и третмани за подмладување против создавање на брчки. Од сите AHA киселини, гликолната киселина има најмала молекула и со тоа способност брзо да навлезе во подлабоките слоеви на кожата.

Млечната киселина вообичаено се употребува за ексфолијација кај лица кои се чувствителни на други типови на киселина.

Лимонската киселина се наоѓа во цитрусните овошја, а нејзиното дејство исто аниоксидативно, но и чисти од слободни радикали. Има одлични резултати  во третмани за избелување .

BHA киселините пак се растворливи во масти и се одличен избор за масна кожа поради тоа што навлегуваат подлабоко во кожата и имаат антибактериско и антивоспалитено дејство. Најпознат пример за BHA киселина е салицилната киселина.

 

 

Кои се придобивките од употребата на AHA и BHA киселините?

  1. Забрзано производство на нов колаген и еластин – Двата типа киселини овозможуваат отстранување, односно ексфолијација на мртвите клетки на кожата и на тој начин ги забрзуваат регенеративните процеси на создавање на нов колаген и еластин.
  2. Изедначен тен – Кога мртвите клетки се отстранети од лицето, кожата рефлектира повеќе светлина, изгледа негувано, има свежина и сјај, а се изедначува тенот и се добива посебен свеж изглед.
  3. Квалитетна кожа – со забрзување на процесите на регенерација и со забрзаното создавање на нов колаген и еластин, се подобрува квалитетот на кожата и практично се бришат брчките.
  4. Хидрирано лице – со користење на AHA и BHA киселините се подобрува влажноста (хидратацијата) на кожата.
  5. Заштитено лице – AHA и BHA киселините дејствуваат антивоспалително и антибактериски и го штитат лицето од формирање на акни и лузни од акни, но и спречуваат предвремена појава на брчки.

Иако имаат огромни придобивки, AHA и BHA киселините мора да се употребуваат внимателно. Домашната употреба на AHA и BHA киселините мора да е во ниски концентрации кои се препорачани од страна на дерматолог, секако со препорака како да се применуваат. Повисоки концентрации на AHA и BHA киселините како на пример третман со хемиски пилинг се прави исклучиво во дерматолошка ординација од страна на дерматолог.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password