врв
Image Alt

Испорака и достава

Испорака и достава

Веднаш по плаќањето на нарачаните производи на www.beautyhub.mk вие ќе добиете потврда дека производите се нарачани, а вашата нарачка ќе се испорача (излезе од магацин) во најбрз можен рок. Во нормални услови, нарачаните производи ќе бидат подготвени за достава најдоцна 24 часа од нарачката.

Доставата на производите е бесплатна за нарачки над 1200 денари со вклучен ДДВ. Испораката се врши од понеделник до петок, од 08:00-16:00 со курирска служба во рок од 3 до 5 работни денови од нарачката за Скопје и максимум 7 работни денови за останатиот дел од Македонија. Сите нарачки кои се направени во петок, во текот на викендот или пак во друг официјален неработен ден ќе се процесираат на следниот прв работен ден.

За потребите на доставата потребно е да има лице за прием на посочената адреса за испорака. Доколку курирот не ве пронајде на посочената адреса, ќе ве исконтактира на оставениот телефонски број за контакт за да се договорите за следен термин за достава.

Условите за испорака и достава и роковите посочени погоре се менуваат во услови на лоши временски услови, елементарни непогоди и други кризни состојби прогласени на државно ниво како и Нова Година, Божиќ, Велигден и други државни празници каде постои можност за продолжување на рокот за испорака. Во овие случаи испораката ќе се случува и договара по принципот „од случај до случај“ за што и ќе бидете соодветно исконтактирани или пак известени на нашата веб страница.

v

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.

Reset Password