Опис
Cos De BAHA Azelaic Acid 10% е серум со 10% азелаична киселина, ниацинамид, пантенол и хијалуронска киселина наменет за третман за намалување на лузни од акни, пигментација, цистични акни и црнки, како и намалување на црвенилото на лицето (розасцеа).
Азелаичната киселина овозможува побрзо обновување на кожата и делува антибактериски и поради тоа најчесто се користи во третман на акни, но е особено ефикасна и за пигментација, особено за пигментација и лузни од акни. Азелаичната кизелина се користи и во третманот на розасцеа.