Опис
Cos De BAHA Centella Asiatica Recovery Cream е крема со 80% екстракт од Centella Asiatica наменет за смирување и обновување на кожата, подобрување и изедначување на тенот, намалување на лузните од акни и намалување на брчките.
Кремата ја поттикнува синтезата на колаген во кожата овозможувајќи длабока регенерација, намалување на изгледот на лузните од акни како и на изгледот на брчките. Воедно овозможува длабока хидратација и контрола на производството на себум. Кремата е лесна, брзо се впива и е одлична за под шминка.