Опис
Cos De BAHA Centella Asiatica Recovery Serum е серум наменет за регенерација на кожата, подобрување на тонусот, зголемување на еластичноста и намалување на изгледот на брчките, намалување на изгледот на дамките на кожата како и лузните од акни.
Кожата секојдневно е изложена на надворешни влијанија кои ја оштетуваат на различни начини. Овој серум преку специфичната формулација на состојки овозможува брза и ефикасна регенерација на кожата и е погоден за користење на сите типови кожа, вклучително и сензитивна и иритирана кожа.
Серумот содржи 83% екстракт од Centella Asiatica, која е природна моќна состојка која поттикнува регенерација, ја штити кожата и ги намалува првите знаци на стареење, но и го потпомага производството на колаген во кожата, овозможувајќи свеж и младешки сјај и намален изглед на брчките со продолжено користење.