Опис
Cos De BAHA Niacinamide 20% + Zinc 4% е серум со 20% ниацинамид и 4% цинк како и хијалуронска киселина наменет за изедначување на тенот, балансирање на кожата и намалување на производството на себум, намалување на изгледот на порите, намалување на акни, флеки од акни, хиперпигментација.
Серумот содржи висока концентрација на ниацинамид правејќи го сериозна алатка за третирање на многу проблеми вклучително и акни и лузни од акни, иритирана кожа, балансирање на производството на себум, различни видови пигментации. Ја остава кожата здрава и сјајна, а со редовно користење кожата станува зајакната, еластична и освежена, со намален изглед на брчките и подобрен тонус.
Комбинацијата со хијалуронската киселина овозможува и антиоксидативна заштита од слободните радикали но и продолжен антиејџ ефект преку намалувањето на изгледот на брчките. Вклучениот алантоин во составот е особено ефикасен за состојби како акни, егзема, иритирана кожа.
Специфичната формула ја прави кожата мека и нежна, а серумот по аплицирањето брзо се апсорбира и е одличен за под шминка. Не се препорачува комбинирање со Витамин Ц.