Опис
Cos De BAHA Niacinamide 5% + Arbutin 5% е серум со 5% ниацинамид, 5% арбутин и хијалуронска киселина наменет за третман на акни, пигментација, проширени пори, старечки дамки.
Доколку имате проблеми со пигментација, а имате сензитивна кожа и не можете да користите производи со хидрохинон тогаш овој серум е вашиот одговор. Арбутинот е состојка од растително потекло која е налик на хидрохинон, но ја избелува кожата без ризик од дополнителни нус појави, со што арбутинот се смета за безбедна состојка за луѓе со сензитивна кожа. Ефикасен е за сите видови пигментации, но особено за пигментации од акни и лузни од акни. Исто така, арбутинот ги спречува негативните ефекти на УВ зрачењето.
Ниацинамидот во оптимална концентрација од 5% за сензитивна кожа, овозможува намалување на изгледот на порите но и дополнителен ефект за избелување на кожата.