Опис
Cos De BAHA Retinol 2.5% е серум со 2,5% ретинол, витамин Е и хијалуронска киселина наменет за третман на брчки, хиперпигментација, акни, груба текстура на кожата и изедначување на тенот
Ретиноидите се „златен стандард“ кога се зборува за антиејџ нега. Ретонолот е дериват на Витаминот А за кој постојат 40 години истражувања и искуство кои ја потврдуваат ефикасноста во редуцирањето и измазнувањето на брчките како и за зголемување на производството на колаген за кожа со младешки сјај. Ретинолот е особено ефикасен и во третманот на различни видови акни, како и за подобрувањето на текстурата на кожата, но и за третман на хиперпигментација.