Опис
Cos De BAHA Tranexamic Acid 5% е серум со 5% Tranexamic Acid и 5% ниацинамид наменет за третирање на различни видови пигментации, изедначување на тенот и намалување на изгледот на лузните од акни. Транексамичната киселина функционира на начин на кој го блокира трансферот на пигмент од меланоцитите (клетките кои произведуваат пигмент во кожата) кон кератоцитите (клетките кои синтетизираат кератин кои се наоѓаат во горниот слој на кожата – епидермисот) со што ја намалува пигментацијата предизвикана од различни состојби.
Иако е релативно нова состојка, истата покажува одлични резултати во избледувањето на различни видови дисколорација на кожата, вклучително и дамки од акни како и мелазма која знае да е прилично упорна.
Доколку го користите овој серум во комбинација со салицилна киселина, ниацинамид, азелаична киселина, Витамин Ц, производи со екстракт од сладок корен и ретинол, секако во препорачани рутини и комбинации, истите ќе ја зголемат ефикасноста и ќе го убрзаат процесот на избелување.