Опис
Pyunkang Yul Acne Dressing Mask Pack е маска за една употреба за проблематичната кожа која ги таргетира акните во која било фаза, дури и пред да се појават. Маската обезбедува одличен неинвазивен третман за акните, но и спречува нивно понатамошно појавување поради антибактериските и антиинфаламторните својства на состојките кои ги содржи. Формулирана со екстракт од White willow bark (природна BHA), помага во намалување на акните но и во нивното лекување. Продира длабоко во кожата и ги разложува нечистотиите кои предизвикуваат црвенило и иритација. Воедно, маската интензивно ја хидрира и на тој начин го регулира производството на себум како и појавата на акни, а ја остава кожата сјајна и мека.