Враќање на производите
Вие како купувач имате право да го вратите купениот производ. Вие сте должни да го ја проверите состојбата во која се наоѓа производот и евентуалните оштетувања веднаш по преземањето на истиот од курирската служба, или пак доколку сте нарачале повеќе производи, да проверите дали сите производи се вклучени во конкретната пратка.
Доколку доставените производи се оштетени или одреден производ недостасува од нарачката, вие како купувач сте должни веднаш односно во рок од 24 часа да нè информирате на info@beautyhub.mk или пак на 076 781 320 за евентуална замена на производот или дополна на нарачката. Нашите оператори ќе ве информираат за понатамошните чекори во најбрз можен рок.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме да постапите согласно правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата info@beautyhub.mk
www.beautyhub.mk се труди да достави до корисниците точни описи на производите кои ги нуди, меѓутоа, BeautyHub не презема одговорност доколку описите на производите не одговараат целосно на понудениот производ. Во случај да сметате дека производот кој сте го купиле не одговара на описот, вие можете истиот, неискористен и во оригиналната амбалажа да го вратите назад согласно погоре утврдената процедура.