врв
Image Alt

Политика за приватност

Политика за приватност

Вие и вашите податоци при користењето на www.beautyhub.mk сте безбедни и заштитени. За повеќе информации, внимателно прочитајте ја Политиката на приватност подолу.

При посета и регистрација на www.beautyhub.mk нашата веб страница ги собира и обработува единствено вашите лични податоци како име и презиме, мејл адреса, адреса за испорака и телефонски број кои вие доброволно ги давате преку формуларот за регистрација. Овие лични податоци се користат исклучиво за потребите на нарачката, односно за ефикасна обработка и испорака на истата во најбрз можен рок. Личните податоци ќе се користат во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Податоците нема да бидат објавени на ниту една трета страна. www.beautyhub.mk не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

Нашата веб страница нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка или пак бројот на банкарска сметка. Вашата интернет трансакција ќе биде процесуирана преку НЛБ E – commerce системот кој функционира согласно 3D Secure безбедносниот принцип развиен од страна на меѓународните платежни системи Visa International и МasterCard Worldwide. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, вие ќе бидете пренасочени на заштитена веб страна на која ги внесувате податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето
Откако трансакцијата ќе се обработи, вие ќе бидете пренасочени назад на www.beautyhub.mk. Дополнително, при комуникација помеѓу вас како купувач и процесорот се користи 128Bit SSL енкрипција и безбедносните протоколи оневозможуваат каква било злоупотреба.

Веб страницата www.beautyhub.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап.
Воедно, информациите кои ги собираме преку користењето на колачињата, ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за рекламирање на други веб страници кои ќе ги посетите, а врз основа на претходна посета на нашата веб страница и обезбедена согласност за оваа активност. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив се користат исклучиво за потребите на услугата која ја нудиме, а со тоа на ниту еден начин нема да биде загрозена вашата приватност.

Со регистрација на нашата веб страница вие ќе имате можност да се согласите да добивате маркетинг пораки кои може да се однесуваат исклучиво на вас зависно од вашите преференции. Пораките може да се испраќаат по мејл адреса, по пошта или пак по СМС порака, односно преку податоците кои вие доброволно сте ги оставиле на нашата веб страница. Вие можете во секое време, вклучително и при регистрацијата да одберете да не добивате ваков вид на пораки доколку сметате дека истите не се во согласност со вашите преференции.

При посетата на www.beautyhub.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со политиката за приватност, користењето на колачињата, ремаркетинг како и со евентуалните измени на Политика за приватност која може повремено да се менува, без претходно известување.

v

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.

Reset Password