врв
Image Alt

Услови за користење

Услови за користење

Пред да почнете со користење на нашите услуги, ве молиме внимателно прочитајте ги условите за користење. Со посетата на www.beautyhub.mk, како и при секое купување понатаму, ќе се подразбира дека вие сте ги прочитале условите за користење и дека се согласувате со истите. Доколку овие услови за користење за вас се неприфатливи

Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, означува дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.

Општи услови

Сите содржини (лого, текстуални, визуелни, аудио, видео и слично) кои се наоѓаат на www.beautyhub.mk се во сопственост на BeautyHub како и на компаниите и физичките лица кои се наши соработници и истите се сметаат за авторско дело. Селекцијата, координацијата, позиционирањето и дизајнот на сите содржини, информации и производи се смета дека се сопственост на BeautyHub и нивна злоупотреба ќе се смета за повреда на авторските права.

Корисниците можат да ги споделуваат и користат содржините целосно или пак делумно, под услов да го наведат изворот на основната информација и содржина. Користењето на содржините на www.beautyhub.mk за комерцијални цели од страна на трети лица кои не се автори на содржините е забрането и ќе се смета за повреда на авторското право. Воедно забранета е секаква употреба на содржината што не е во согласност со условите за користење.

Сите содржини на веб страницата се исклучиво од информативен карактер. BeautyHub не одговара за евентуални директни или индиректни последици од употребата на содржините од веб страницата.

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

Го задржуваме правото во кое било време да ја менуваме содржината, дизајнот на веб страница како и да измениме или укинеме кој било елемент од понудата.

Цени, услови за купување и плаќање

Цените на веб страницата се изразени во денари и се смета дека се со вклучен ДДВ. Го задржуваме правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без претходно известување.

Вие како купувач, со користењето на нашата веб страница се обврзувате да ја платите цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Како купувач, вие можете да изберете еден или повеќе производи, како и пакет на производи објавени на нашата веб страница. Воедно можете да ја откажете, дополните или коригирате нарачката во било кое време, пред да го реализирате плаќањето. Количините на производите на www.beautyhub.mk се ограничени. Доколку количините се исцрпени, а во случај да не е истото објавено на нашата веб страница, BeautyHub ќе ја одложи доставата на производи чии количини се исцрпени, секако по претходна добиена согласност од ваша страна.

Плаќањето на нашата веб страница се врши преку НЛБ E – commerce системот. Во моментот на реализацијата на плаќањето со платежни картички, вие ќе бидете пренасочени на заштитена веб страна на која ги внесувате податоците од платежната картичка потребни за реализација на плаќањето.
Плаќањето на www.beautyhub.mk може да се изврши со MasterCard Worldwide и Visa International, како и со други домашни платежни картички издадени од македонски банки, Diners Club и Discover.

Испорака и достава

Веднаш по плаќањето на нарачаните производи на www.beautyhub.mk вие ќе добиете потврда дека производите се нарачани, а вашата нарачка ќе се испорача (излезе од магацин) во најбрз можен рок. Во нормални услови, нарачаните производи ќе бидат подготвени за достава најдоцна 24 часа од нарачката.

Доставата на производите е бесплатна за нарачки над 1200 денари со вклучен ДДВ. Испораката се врши од понеделник до петок, од 08:00-16:00 со курирска служба во рок од 3 до 5 работни денови од нарачката за Скопје и максимум 7 работни денови за останатиот дел од Македонија. Сите нарачки кои се направени во петок, во текот на викендот или пак во друг официјален неработен ден ќе се процесираат на следниот прв работен ден.

За потребите на доставата потребно е да има лице за прием на посочената адреса за испорака. Доколку курирот не ве пронајде на посочената адреса, ќе ве исконтактира на оставениот телефонски број за контакт за да се договорите за следен термин за достава.

Условите за испорака и достава и роковите посочени погоре се менуваат во услови на лоши временски услови, елементарни непогоди и други кризни состојби прогласени на државно ниво како и Нова Година, Божиќ, Велигден и други државни празници каде постои можност за продолжување на рокот за испорака. Во овие случаи испораката ќе се случува и договара по принципот „од случај до случај“ за што и ќе бидете соодветно исконтактирани или пак известени на нашата веб страница.

Враќање на производите

Вие како купувач имате право да го вратите купениот производ. Вие сте должни да го ја проверите состојбата во која се наоѓа производот и евентуалните оштетувања веднаш по преземањето на истиот од курирската служба, или пак доколку сте нарачале повеќе производи, да проверите дали сите производи се вклучени во конкретната пратка.

Доколку доставените производи се оштетени или одреден производ недостасува од нарачката, вие како купувач сте должни веднаш односно во рок од 24 часа да нè информирате на info@beautyhub.mk или пак на 076 781 320 за евентуална замена на производот или дополна на нарачката. Нашите оператори ќе ве информираат за понатамошните чекори во најбрз можен рок.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме да постапите согласно правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата info@beautyhub.mk

www.beautyhub.mk се труди да достави до корисниците точни описи на производите кои ги нуди, меѓутоа, BeautyHub не презема одговорност доколку описите на производите не одговараат целосно на понудениот производ. Во случај да сметате дека производот кој сте го купиле не одговара на описот, вие можете истиот, неискористен и во оригиналната амбалажа да го вратите назад согласно погоре утврдената процедура.

Фотографии

www.beautyhub.mk не одговара за евентуални измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.beautyhub.mk иако се обезбедени од официјалните веб страници на производителите на производите, сепак се од информативен карактер.

Доколку не е поинаку означено, BeautyHub има обезбедено право на користење на фотографиите на веб страницата и тоа преку купување на права за користење на конкретните фотографии или пак слободно користење на фотографиите одобрено од страна на авторите.

Сопственост и контакт

www.beautyhub.mk е во сопственост на НАТИВИС ПРИМА ДОО Скопје, со адреса на ул. Партениј Зографски 17а, матичен број 7432518 и даночен број 4058020535850.
Доколку имате какви било прашања врзани со условите за користење, политиката на приватност, правилата за испорака, достава и враќање, вие можете во секое време да нè исконтактирате на info@beautyhub.mk или пак на 076 781 320. Нашите оператори ќе ви одговорат на сите прашања во најбрз можен рок.

v

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password