Top

Ексфолијацијата е важен дел од рутината за нега на лице, без разлика дали целта се чисти пори или пак забрзана регенерација на кожата. Но, кога се работи за нега на лице, повеќе не е подобро. Има неколку начини на кои вашата кожа ќе ви каже дека сте претерале.

 

Црвенило и иритација

Ова е знак број 1, без дилема, црвенилото и иритацијата се знак на нарушена кожна бариера. Не е нетипично да кожата се зацрвени или иритира веднаш после третманот, но ако остане таква подолго време, тоа значи дека нешто не е во ред и дека треба да направите пауза. Црвенилото и иритацијата кога ставате производ за хемиска ексфолијација можеби е честа, но, ако кожата се иритира и при нанесување на останатите хидратантни серуми серуми или креми од вашата рутина, тогаш со сигурност може да се каже дека употребата на ексфолијанти била претерана или пречеста.

 

Сувост и лупење

Претераната ексфолијација може да ја направи кожата екстремно сува или пак дехидрирана. Доколку забележите дека лицето ви се лупи, тоа е знак дека пречесто или премногу ја ексфолирате кожата. Затоа, особено е важно кога користите производи за ексфолијација да бидете внимателни и во вашата рутина да ги комбинирате со хранливи и хидратантни производи.

 

Акни

Иако звучи неверојатно, претераната ексфолијација може да предизвика појава на акни. Блага ексфолијација е пожелна секако, но претерувањето или пречестата ексфолијација ја нарушува кожната бариера. Кожата е толку ослабната што веќе и не може да се бори со надворешните влијанија, бактериите и инфекциите.

 

Дополнително, користењето физички ексфолијанти на кожа со активни акни може да ј пошири инфекцијата и на други места на лицето и вратот, така што, избегнувајте скрабови колку и да се нежни и фини како структура.

 

Сјај

Сјајната кожа е она што го посакуваме и го очекуваме од нашата рутина. Но ако вашата кожа станува сјајна веднаш по ексфолијацијата, тоа е знак дека сте претерале. Овој сјај кој се појавува веднаш е всушност знак дека вашата кожна бариера е или ослабната или уништена. Сјајот на кожата треба да дојде од употреба на хидратантни тонери, серуми или креми, а не од претерана ексфолијација. Здрава и сјајна кожа е хидрираната кожа.

 

Како да ја зајакнете кожната бариера

Најпрво, запрете ја ексфолијацијата за најмалку 2 недели. Во тој период употребувајте исклучиво хидратантни тонери, серуми или креми кои ќе ѝ овозможат на кожата длабока хидратација и ќе ја заздрават во процесот.

 

Особено ефикасни се кремите со церамиди како PYUNKANG YUL ATO CREAM BLUE LABEL која содржи церамиди и пептиди, со што се овозможува длабока хидратација и ревитализација како и зајакнување на кожната бариера.

Или пак PYUNKANG YUL NUTRITION CREAM која е интензивно хранлива крема и е одлична опција за смирување и долготрајна хидратација на сува, нормална и зрела кожа. Доколку имате сензитивна, комбинирана или проблематична, па дури и масна кожа пробајте ја PYUNKANG YUL MOISTURE CREAM која ќе ја нахрани и избалансира вашата кожа и ќе ѝ обезбеди долготрајна хидратација.

 

Кога кожата ќе се опорави, осигурајте се дека користите производи за ексфолијација во соодветни концентрации за вашата кожа. Доколку таа лесно се иритира и веднаш реагира, посегнете по некој производ со ниска концентрација на активни состојки. Но не заборавајте да користите и хидратантни производи и производи за смирување на кожата како IUNIK TEA TREE RELIEF SERUM, PYUNKANG YUL MOISTURE SERUM или пак IUNIK PROPOLIS VITAMIN SYNERGY SERUM.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password