Опис
“THE BRIGHTENER” – 20% Vitamin C + E + Ferulic Acid серум кој ја осветлува кожата, го помага создавањето колаген, го изедначува тенот. Збогатен со Витамин Е и ферулична киселина, овој серум е одличен избор за уморна, пигментирана кожа, обезбедувајќи заштита 24/7 од надворешните влијанија и загадувачи.
Timeless ™ Vitamin C + E + Ferulic Acid серумот има концентрација од 20% на Л-аскорбинска киселина, состојка која е високо ефикасен антиоксиданс и помага во создавањето на колаген. Овој серум обезбедува нежна обнова на кожата со што ги намалува хиперпигментацијата и го изедначува тенот. Формулацијата е лесна и немасна, брзо се апсорбира и лесно се комбинира со други производи во рутината. Користете го секој ден наутро или навечер за да ја осветлите кожата но и за да ги неутрализирате надворешните влијанија кои го забрзуваат стареењето на кожата.
Забелешка: Поради високата концентрација на Л-аскорбинска киселина, кај некои сензитивни типови кожа постои можност за блага иритација или црвенило, лупење на кожата па дури имали црвени нерамнини на кожата. Витаминот Е може потенцијално да влоши постоечка ситуација кај проблематичната, масна кожа. Користете помала количина од производот за да ги избегнете овие појави сѐ додека вашата кожа не се навикне на високата концентрација на Витамин Ц.
Серумот е со pH 2.4.