Опис
„THE PROTECTOR” – Squalane e суво масло кое ќе ја остави кожата сјајна, без да ја измасти. Ова лесно масло буквално ја затвора влагата внатре во кожата, а воедно има и антибактериски својства што го прави идеално дури и за проблематична кожа. Штити од надворешни влијанија и загадувачи. Совршен производ кој ќе ја сетира и вашата шминка и ќе помогне да се задржи на лицето преку целиот ден.
Squalene е состојка која природно се наоѓа во себумот кој го лачи кожата и помага за заштита и навлажнување на кожата. Timeless ™ Squalane маслото е добиено по природен пат од маслинки и помага за подобрување на еластичноста на кожата. Воедно, помага да се минимизира загубата на влажност во кожата, го регулира производството на себум, мометално ја хидрира сувата кожа, може да се користи и на тело, а особено е ефикасен за хидратација на усните.
Одговара на сите типови кожа како и на проблематичната кожа, склона кон акни.