Опис
“THE ESSENTIAL” е серум кој е практично неопходен во дневната рутина. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс и е првата линија на одбрана од надворешните влијанија, но и ја осветлува и штити вашата кожа. Matrixyl® 3000 синтетизира колаген и ја зајакнува кожата додека хијалуронската киселина ја одржува и зголемува влажноста на кожата.
Концентрациите во овој серум се оптимални за секојдневна употреба за сите типови кожа – 5% концентрација на Vitamin C (Magnesium Ascorbyl Phosphate), 1.5% концентрација наMatrixyl® 3000 и 1% концентрација на хијалуронска киселина.
Со редовно користење, овој серум дава ефект на „наспано лице“- овозможува длабока хидратација, осветлување со природни витамини како и измазување на фините линии и брчки со неопходни антиејџ состојки.
Се препорачува за сите типови кожа за секојдневно користење.