Опис
ACWELL Licorice pH Balancing Cleansing Toner e тонер со pH вредност од 5.5 кој ефикасно ја балансира и смирува кожата, но и помога при намалување на пигментација, вклучително пигментацијата од акни. Формулацијата со екстракт од божур и висока концентрација на вода од licorice – состојки кои се природни осветлувачи – лесно се впиваат во кожата додавајќи сјај на вашиот тен. Екстрактот од зелен чај помага во смирувањето на кожата но и во намалувањето на пигментацијата. По користењето, кожата ќе ви е чиста, мека и нежна, а не сува или затегната. Тонерот, покрај другото, одлично ги чисти преостанатите нечистотии по миењето на лицето со што помага останатите производи од вашата рутина подобро да се абсорбираат. Овој тонер ќе ви помогне да го добиете ефектот на honey skin. Користете го заедно со Neogen Real Ferment Micro Essence за уште подобри резултати.