Опис
Cos De BAHA Hydroquinone 2% е серум со 2% хидрохинон, арбутин, ниацинамид, БХА, коична и млечна киселина наменет за интензивен третман на мелазма, флеки и други видови хиперпигментација.
Хидрохинонот ја белее кожата преку намалување на бројот на меланоцити (клетки кои произведуваат меланин). Во случај на хиперпигментација, во кожата е всушност присутно поголемо количество на меланин што е должи на зголемената активност на меланоцитите. Изедначување на тенот се овозможува со намалување и контрола на бројот на меланоцити, односно со употреба на хидрохинонот кој ја извршуваа оваа активност. Вообичаено, првите резултати се гледаат за околу 4 недели, но за целосен ефект потребно е продолжено но внимателно користење. Секогаш користете заштитен фактор кога го користите овој серум.
Серумот се користи максимум 60 дена (најдобро да се користи 30 дена), по што се прави пауза од минимум 30 дена. Доколку се користи повеќе од препорачано постои можност за трајна дисколорација на кожата. Во периодот кога не го користите серумот, користете наизменично Витамин Ц серум и АХА/БХА тонер или пак друг серум наменет за хиперпигментација, за да обезбедите дополнителна нега.
Овој серум може да ја промени бојата со тек на време, но тоа не значи дека му е намалена ефикасноста, можете слободно да го користите во максимално дозволениот период на користење и секако во рокот на траење означен на пакувањето.