врв

 

Pyunkang Yul е линија за нега на лице создадена од реномираниот Pyunkang центар за источна медицина, каде долги години наназад се третираат атопични кожни состојби.

Pyunkang Yul производите се направени врз основа на идејата за „минималистичка убавина“.  Содржат минимален број на состојки кои се нежни за кожата, но даваат максимален ефект.

 

Филозофијата на Pyunkang Yul се заснова на идејата дека здрава и сјајна кожа е всушност кожа која е оптимално балансирана. Сите производи на Pyunkang Yul се направени за да ја следат оваа логика. Затоа вие нема да најдете производ од овој бренд кој содржи агресивни состојки или пак има комплицирана и долга листа на состојки. Минимализмот е главна одлика на овој бренд, производите се едноставни, но крајно ефикасни.

 

Essence toner

Овој тонер е можеби најпопуларниот производ на Pyunkang Yul и не е тешко да се види зошто. Го нуди искуството кое го добивате со многу полуксузни тонери, а е достапен, и притоа овозможува длабока хидратација дури и со едно нанесување. За кожа која е навикната на посериозна антиејџ нега, или пак сува кожа овој тонер е одлична поддршка во целокуната нега и е практично задолжителен чекор кој обезбедува ефикасна и длабинска хидратација. За оние пак кои имаат потреба од основна или дополнителна хидратација, овој тонер е вистински погодок. Лесно се нанесува, не остава лепливо чувство, впива неверојатно брзо, а кожата ја прави мека и нежна.

 

За оние со сува или зрела кожа, неколку слоја од тонерот ќе обезбедат поголеми придобивки – хидрирана кожа, спремна за останатите чекори, а за останатите типови кожа најверојатно ќе е доволен само еден слој. Овој тонер одговара на сите типови кожа, но ако имате комбинирана или масна кожа или пак  преферирате поводенасти тонери, тогаш можеби повеќе ќе ви се допадне полесниот Mist Toner на Pyunkang Yul. 

Главната состојка во овој тонер е Astragalus кој е природен антиоксиданс, помага при регенерација на кожата, но е и природна антиејџ состојка.

 

Moisture serum

Овој серум, доколку почнете да го користите како дел од дневната и ноќната нега, загарантирано ќе ви стане омилениот хидратантен серум. Иако пред сè е наменет за комбинирана и масна или пак дехидрирана кожа, буквално секој тип на кожа може да има придобивки од редовното користење на овој серум. Има разладувачки ефект при аплицирањето, брзо и лесно се впива и не остава лепливи траги ниту пак го замастува лицето (и покрај тоа што има масло во составот). Исклучително е лесен и хидратантен и одлично ја балансира кожата, а таа останува хидрирана и сјајна подолго време. Серумот е одлична подлога за шминка бидејќи, знаеме, добро хидрирана кожа е секогаш добра основа за сите понатамошни чекори.

И не заборавајте, добрата хидратација е основа на секоја антиејџ нега, а овој серум, со редовна употреба дефинитивно ќе ви обезбеди длабока хидратација и ќе ви ја избалансира кожата.

 

Главната состојка во овој серум е Coptis Japonica која има антибактериски и антиинфламаторни својства. Серумот содржи arginine/амино киселини кои ја штитат кожата од фото-стареење (стареење на кожата под дејство на сончевата светлина), како и екстракт од маслинки (кои содржат витамин А,D K и E, и помагаат во заштитата од штетните UV зраци). И секако, конзистентноста во користењето е клучна за максимално да се искористат придобивките на серумот.

 

Moisture ampoule

Иако оваа ампула има интересна и специфична структура, толку е ефикасна и  сериозно хидрира, што многу брзо ќе ви стане омилен бустер во дневната и ноќната нега. Има густа текстура, скоро како гел што на почеток можеби ќе биде предизвик, но ако правилно ја нанесете, покрај хидратација која ја дава, ампулата ќе се погрижи да се задржат внатре сите убави работи кои претходно сте ги ставиле на лицето и да останат во длабоките слоеви на кожата. Може да се користи како последен чекор од негата, над крема, но и како хидратантен серум како еден од последните чекори пред да се стави крема, бидејќи со овој бустер, не може да се погреши. Со редовно користење, здравата, сјајна кожа е загарантирана, а тенот ќе е изедначен. Главната состојка во овој серум е Coptis Japonica која има антибактериски и антиинфламаторни својства.

 

ATO Cream Blue Label

Ова крема е нежна и безбедна опција за сите типови на кожа, особено за сензитивната кожа. Формулирана со церамиди кои се од витално значење за создавање и задржување на здрава и силна кожна бариера и за одржување на високо ниво на хидратација на кожата. Воедно, кремата е богата со пептиди кои стимулираат производство на колаген и еластин и имаат антиинфламаторен и антиоксидативен ефект.

Една од клучните состојки е и Japanese Honeysuckle која се користи во традиционалната кинеска медицина. Модерните истражувања потврдуваат дека ова растение има комплексна хемиска структура и содржи преку 140 соединенија кои имаат потенцијално антиинфламаторни, антибактериски и заштитни својства.

На кратко, ако сакате хидрирана, нахранета и ревитализирана кожа со силна кожна бариера, тогаш ATO Cream Blue Label е кремата за вас. Едноставно, не можете да погрешите со оваа крема.

 

ATO Mild Sun Cream

Овој релативно нов производ ќе ве фасцинира уште на првото користење. ATO Mild Sun Cream е минерален заштитен фактор кој е физичка заштита од сонце со текстура на лесен крем и совршено одговара на сите типови на кожа. Покрај тоа што заштитува од штетните УВ зраци, тој и хидрира, па помасните типови на кожа дури можат да го користат и како крема. Не остава бели траги на лицето, се впива веднаш, а чувството е практично како да не сте ставиле ништо на лицето. Остава мат финиш и е одлична подлога за шминка. Сè на сè прекрасен производ кој покрај тоа што одлично си ја врши примарната функција, заштита од штетните сончеви зраци, хидрира и ја прави кожата мека и нежна. Многу брзо ќе ви стане производот кој морате да го имате во дневната нега.

 

 

Pyunkang Yul е навистина интересен бренд – ги редефинира правилата за тоа што значи нега на лице, ги сведува на минимум состојките за здрава и балансирана кожна бариера, а маскималниот ефект на хидатација е неизбежен. И како додадена придобивка, Pyunkang Yul има строги правила и не ги тестира своите производи врз животни, што е навистина голем плус и е за почит.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password