врв

Користењето производи со ферментирани состојки е огромен тренд особено присутен во K-beauty производите. Со ферментација како процес кој интензивно се користи и во козметичката индустрија одредени состојки се комбинираат и се ставаат во посебни услови во кои немаат допир со кислород и во текот на процесот истите се разлагаат и „произведуваат“ многу корисни крајни состојки за кожата, како амино киселини, витамини, млечна киселина, органски киселини, полисахариди итн.

Повеќе за тоа зошто производите со ферментирани состојки се добри за вашата кожа можете да прочитате тука.

Еден од начините како можете да воведете ферментирани состојки во вашата нега е Neogen Dermatology Real Ferment Micro Essence. Тоа е хидратантна есенција формулирана со 93% комплекс на био-ферментирани состојки која обезбедува длабока хидратација и осветлување на кожата.

Своето искуство со користењето на Neogen Dermatology Real Ferment Micro Essence со нас го сподели skincare ентузијстката Нена Џутеска, на Instagram попозната како @me.mypores.and.eyes. Прочитајте ја нејзината детална рецензија подолу:

***

Real Ferment Micro Essence на Neogen Dermalogy е едно од моите најпријатни изненадувања последните 6 месеци. И иако есенција не е неопходна во една рутина, сепак, толку многу уживав во користењето на овој производ, што веќе и не можам да замислам self-care ритуал без неа.

Што е Neogen Dermatology Real Ferment Micro Essence?

За оние кои се нови во светот на K-beauty и автентичните дефиниции на зборот „есенција“, следи информација која дополнително ќе ве збуни – овој производ е прва есенција! Поедноставно кажано, тоа е хидратантен производ со тенка, водена текстура, наменет за користење како прв чекор веднаш по чистењето. Го користев како што се препорачува – пред тонер или наместо тонер во денови кога се чувствував помрзливо. Функционира одлично и на влажна и на мокра кожа, повторно, зависно од нивото на ентузијазам и расположливо време.

Главни состојки

93% ферментирани состојки: Bifida Ferment Lysate, ензими, јапонска бела бреза, филтрат од ферментиран ориз, вештачки солзи, глицерин, вода (9-та состојка по ред) екстракт од лист од зелен чај, ниацинамид.

Преформанси наспроти ветувања

Neogen Real Ferment Micro Essence е во моментов најдобриот хидратантен прозвод (hydrator) кој го имам пробано а е во форма на есенција или тонер. Толку е длабоко хидратантен, што сум спремна да замижам со едното око и во однос на ветувањата на производителот дека производот ја „затвора“ влагата внатре во кожата (moisturizer). Моето искуство беше сосема поинакво, но и тоа е во ред бидејќи едноставно, не очекував од есенција да е нешто повеќе од хидратантен производ.

Покрај одличносто искуство со длабока хидратација со овој производ, забележав и значително подобрување на тенот и суптилен осветлувачки ефект (најверојатно благодарение на ферментот од ориз). Исто така, можам да го потврдам тврдењето дека производот ја балансира кожата (избалансиран одос на себум и влажност) поради нискиот процент на ниацинамид во составот.

Сѐ на сѐ, навистина уживав во користењето на овој производ и ги ценам сите подобрувања кои ѝ ги овозможи на мојата кожа и на лицето. Со задоволство би го препорачала производот како солидна опција во својата категорија и апсолутно имам намера повторно да го купам откако ќе ја потрошам мојата тековна залиха.

***

Пробајте го Neogen Dermatology Real Ferment Micro Essence и проверете и вие зошто ќе е есенцијата без која нема да можете да замислите ниту еден self-care ритуал.

Авторка на оригиналната рецензија и фотографија: Нена Џутеска @me.mypores.and.eyes

Оригиналната рецензија можете да ја прочитате тука.

Фотографијата искористена во овој текст е авторска и е преземена од оригиналната инстаграм објавал

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password