врв

Иако секоја една состојка и секој еден производ поединечно си има своја функција и придобивки, сепак, има некои комбинации на состојки и производи кои овозможуваат поголеми и посериозни придобивки при решавањето на одредени проблеми.

 

Кога кожната бариера не ви е во тип-топ форма, од која било причина, тогаш комбинацијата на церамиди и хијалуронска киселина треба да е вашиот избор.

 

Зошто е тоа така? Церамидите и хијалуронската киселина, кои се појавуваат (произведуваат) природно во нашето тело, се особено важни за оптимална хидратација и генерално здравје на кожата, од нивната концентрација во кожата зависи дали вашата кожна бариера ќе е силна и здрава, а вашата кожа заштитена.

Церамидите се липиди (масти) и служат за да ја исхидрираат кожата, да ја задржат водата внатре и да ја заштитат кожната бариера, со што таа ќе биде отпорна на надворешните влијанија. Церамидите воедно и помагаат да се намалат ефектите на надворешните влијанија кои го уништуваат колагенот и еластинот.

 

Хијалуронската киселина пак е навлажнувач кој природно и во најголеми количини се произведува во кожата, и нејзината задача е да ја привлече и врзе водата внатре во кожата. Бидејќи хијалуронската киселина може да задржи и врзе вода дури до 1.000 пати од својата тежина, поголема концентрација на ХК значи и поголема количина на вода во кожата, што во крајна линија  значи еластична и свежа кожа.

Кога вашата кожа е иритирана, сува или едноставно со нарушена односно оштетена кожна бариера од кои било причини, тоа значи дека вашата кожа има потреба од дополнување на церамиди и хијалуронска киселина кои ќе и овозможат да се обнови и регенерира во брз рок и да оствари баланс. Овие две едноставни но неопходни состојки се основата на вашата рутина кога вашата кожа има потреба од регенерација и заштита.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password