Сакате да го успорите стареењето, но да не ја иритирате кожата во процесот?
Тоа е прилично лесно во суштина, доколку следите неколку едноставни, но ефикасни совети за нега.
Задолжително користете антиоксиданс
Пред сѐ, задолжително користете антиоксиданс кој ќе ви ја заштити кожата и лицето од надворешните влијанија и ќе поттикне производство на колаген. Vitamin C или Q10, ќе ви овозможат вистинска заштита од предвремено стареење на кожата и ќе поттикнат забрзано создавање на колаген кој секако природно се намалува со текот на годините.
Пептидите се вашиот најдобар пријател
Дополнете со пептиди, кои треба да ги сметате за ваш најдобар пријател и сојузник во антиејџ негата. Пептидите се моќна антиејџ состојка која се смета за безбедна и неиритирачка алтернатива за успорување на стареењето и производство на колаген.
Нежната ексфолијација е клучна
Исто така, посветете внимание на екфолијацијата за да ја забрзате обновата на кожата на лицето и да се ослободите што поскоро од мртвите клетки, но и од нечистотијата во порите. Но, внимавајте тоа да биде со нежни и благи киселини во оптимални концентрации бидејќи не секогаш „повеќе е подобро“ кога зборуваме за нега на лице со киселини.
Вклучете производи со церамиди за да ја заштитите и зајакнете кожната бариера
Вклучете производи со церамиди за да спречите сувост и иритација и да ја заштитите и зајакнете кожната бариера. Церамидите ќе ви помогнат да ја задржите влажноста и да ја заштитите кожата од надворешни влијанија со што вашата кожа ќе е во секое време негувана и сјајна, односно здрава.
Користете заштитен фактор, секој ден, без исклучок
И секако, користете заштитен фактор секој ден, без исклучок. Комбинирајте го со антиоксиданс за зајакната заштита, аплицирајте 15-20 минути пред да се изложите на сонце и реаплицирајте во текот на целиот ден. Ниту една антиејџ нега не е можна без користењето на заштитен фактор.
***
Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.