врв

Веќе знаете дека заштитен фактор секој ден е еден од задолжителните чекори кој ќе ви овозможи многу придобивки. Но, како да го извлечете максимумот, а и нешто плус од вашиот заштитен фактор?


Искомбинирајте го со Витамин Ц.

 

Оваа комбинација ќе ви овозможи зголемена заштита од штетните УВ зраци но и зголемена заштита од слободните радикали и надворешни влијанија. Да се потсетиме, УВА зраците се оние кои предизвикуваат фото-стареење, односно оштетување на колагенот и еластинот во кожата, а УВБ зраците се оние кои ја горат и предизвикуваат рак на кожата.

 

Истражувањата посочуваат дека кога Витаминот Ц се комбинира со заштитен фактор кој овозможува УВА заштита, комбинацијата обезбедува дополнителна и поголема заштита од фото стареење.

 

Од друга страна, УВ зраците како и други надворешни влијанија предизвикуваат ослобдување на штетни слободни радикали кои предвремено ја стареат кожата и предизвикуваат посериозни здравствени последици. Кога заштитниот фактор се комбинира со Витамин Ц, комбинацијата овозможува зголемена заштита од слободни радикали бидејќи овозможува нивна подобрена неутрализација.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password