Четири причини зошто производите со ферментирани состојки се добри за вашата кожа
Еден од трендовите во корејската козметика е користењето на производи со ферментирани состојки. Овој тренд веќе е и светски, но е особено присутен во K-beauty производите и тоа со причина. Ферментираните состојки начелно овозможуваат многу поинтензивни резултати кога се зборува за сјајна, хидрирана и здрава кожа. За да дознаете повеќе за ферментацијата како процес и кои се придобивките од користењето производи со ферментирани состојки, прочитајте повеќе подолу.
Што е всушност ферментација?
Наједноставо кажано, ферментацијата е природен процес каде добрите бактерии, преку ензимите кои ги испуштаат ги разложуваат состојките и протеините околу нив, односно состојките и протеините кои се наоѓаат во нивната средина. Кога ферментацијата се случува кај храна, производот на пример го менува вкусот бидејќи ензимите создаваат нов опсег на вкусови, од кисело, до слатко до горко. Ферментираните производи кои редовно ги користите се на пример јогурт, пиво, вино и многу други.
Многу слично функционира и процесот на ферментација и во козметиката. Одредени состојки се комбинираат и се ставаат во посебни услови во кои немаат допир со кислород и во текот на процесот истите се разлагаат и „произведуваат“ многу корисни крајни состојки за кожата, како амино киселини, витамини, млечна киселина, органски киселини, полисагариди итн.
4 причини зошто ферментираните состојки се добри за кожата
Подобрена заштита на кожата од надворешни влијанија
Една од најголемите придобивки од користењето ферментирани состојки е подобрената заштита на кожата од надворешни влијанија бидејќи ферментираните производи се богати со антиоксиданси.
Полесна апсорбција
Кога некоја состојка се разградува со помош на ензими, таа се разложува во помали молекули и протеини што овозможува полесна и ефикасна апсорбција на многу корисни состојки во кожата.
Блескаво сјајна кожа
Ферментираните состојки се како сигнали. Тие им сигнализираат на клетките на кожата побрзо да се регенерираат, обезбедувајќи сјајна кожа во пократок рок.
Побезбедни состојки за намалена можност за иритација
Одредени основни состојки кои се користат во козметичката индустрија сами по себе имаат потенцијал за иритација. Со процесот на ферментација потенцијално иритантните состојки се неутрализираат правејќи ги производите со ферментирани состојки побезбедни за користење. Дополнително, ферментацијата сама по себе овозможува создавање на состојки кои ја спречуваат појавата на штетни микроорганизми што дополнително ја намалува можноста за иритација и оштетување на кожата.
Дополнете ја вашата рутина со ферментирани производи
Neogen Real Ferment Micro Essence
Neogen Dermatology Real Ferment Micro Essence е хидратантна есенција формулирана со 93% комплекс на био-ферментирани состојки која обезбедува длабока хидратација и осветлување на кожата. Сите состојки во оваа есенција се формулирани на начин кој ја прави кожата мека и нежна на допир, дава природен сјај и изглед на здрава и младешка кожа. Меѓу другото есенцијата е формулирана со bifida ferment lysate, saccharomyces ferment filtrate, birch juice, aspergillis ferment и rice extract.
Bifida ferment lysate: ја зголемува еластичноста на кожата, го подобрува тенот и овозможува интензивна хидратација.
Saccharomyces Ferment Filtrate: ја зголемува еластичноста на кожата и ја хидрира кожата.
Betula Alba Juice (Birch Juice): овозможува интензивна хидратација
Aspergillis ferment: го подобрува изгледот на брчите, ја светлува и хидрира кожата
Rice Ferment Filtrate: антиоксиданс кој ја осветлува и хидрира кожата
iUNIK Rose Galactomyces Synergy Serum
iUNIK Rose Galactomyces Synergy Serum е лесен, хидратантен серум кој со 50% филтрат на Galactomyces е одличен избор за хидратација, контрола на производството на себум, балансирање на кожата, како и за минимизирање на порите на лицето. Воедно има и антиоксидативни својства. Формулацијата на серумот, со редовна употреба овозможува превенција на брчки.
***
Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.