врв

 

Сјајната и здрава кожа не е магија и не се случува преку ноќ. Бара упорност и конзистентност и секако квалитетни производи. Без разлика со кој проблем се соочувате или која е вашата цел во однос на негата на лице, постојат неколку работи кои се практично неопходни доколку сакате да имате резултат од вашата нега.

Понекогаш, рутината во повеќе чекори може да изгледа како задача, но реално, таа е квалитетно време за себе, нешто кое многу често и не можеме да си го дозволиме. Дајте му шанса на лицето да го добие сјајот кој го заслужува и кога ќе размислувате за вашата рутина, не ги заборавајте овие неколку основни насоки.

Не заборавајте да ставите заштитен фактор

Доколку не внимавате, штетните УВ зраци предвреме ќе ја остарат кожата на лицето. Ако сакате да се посветите на конкретна рутина која има за цел да реши некој проблем со кој се соочувате, заштитниот фактор можеби е најважниот дел од истата. Крема со заштитен фактор не е доволна заштита бидејќи вие никогаш нема да ставите доволно крема за да го постигнете факторот на заштита кој ви е потребен во текот на денот. Дерматолозите препорачуваат користење на (најмалку) заштитен фактор 30 како посебен чекор во негата за да го заштитите лицето од оштетување.

Хидратацијата е клучна

Заедно со заштитниот фактор, хидратацијата на кожата е клучна за здрава и сјајна кожа. Кој проблем и да го имате, вие нема никогаш да го решите доколку вашата кожа не е соодветно хидрирана. Без разлика дали имате нормална, масна или сува кожа, правилната и длабока хидратација е клучна за здрава и сјајна кожа.

Не го заборавајте вратот и деколтето

Фокусот ни е секогаш на лицето, но првите знаци на стареење реално се гледаат на вратот и на деколтето. Кожата таму е многу потенка отколку на лицето и многу побрзо може да се оштети. Затоа, особено е важно она што го ставате на лице, да го ставите и на вратот и деколтето. Ова се однесува и за активните состојки и за хидратацијата, но и за користењето на заштитен фактор.

Антиоксидансите се вашиот сојузник против времето

Со годините, телото произведува сè помалку колаген. Помалку колаген значи и помала еластичност на кожата и брчки, а сето тоа поради процесот на оксидирање во кој слободните радикали претставуваат закана за клетките. Антиоксидансите се оние кои го намалуваат создавањето на слободните радикали и со тоа ја штитат кожата од предвремено стареење. Додајте Витамин Ц или Е или пак Q10 во вашата дневна нега и гледајте како времето работи во ваша полза.

Користете активни состојки внимателно

Повеќе не значи и подобро. Внимателно со активните состојки особено со киселините кои ја ексфолираат кожата бидејќи лесно можете да направите спротивен, негативен ефект. Воведувајте внимателно и полека и користите во наизменични денови за максимум ефект без иритација.

Не легнувајте со шминка

Ова е можеби правило број 1 за ноќна нега. Кога ја оставате шминката навечер, на вашето лице не ја остават САМО шминката. Ги оставате и сите нечистотии кои се насобрале во текот на денот, заедно со маслата кои кожата природно ги произведува. Сето тоа останува во порите, а полните пори многу често знаат да предизвикаат иритација и акни. 3 минути чистење лице може да ви заштедат многу време и нерви подоцна кога ќе треба да го смирите иритираното лице или пак да ги решите акните.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password