врв

 

Доколку не можете точно да определите каква кожа имате бидејќи таа има одлики на скоро сите типови на кожа, тогаш најверојато имате комбинирана кожа. 

Комбинираната кожа значи дека вие имате различен тип на кожа на различни делови од лицето. Генерално, најчестиот тип на комбинирана кожа се карактеризира со масна Т зона и суви образи, но секако постојат и други комбинации како нормална кон масна или пак нормална кон сува кожа.

Наједноставниот начин како да определите дали имате комбинирана кожа е да ја следите како таа се однесува во различни денови. Ако некои денови или периоди е посува, а некои други помасна, или пак делови од кожата се помасни а други делови посуви, тогаш вие имате комбинирана кожа.

Порите кај комбинираната кожа, односно нивната големина, исто се разликува во зависност од тоа каде на лицето се наоѓаат. Во Т зоната вообичаено се поголеми, додека на образите и накај рабовите на лицето тие воопшто и не се гледаат, тогаш вашата кожа е комбинирана. Ова е резултат на поголемата активност на лојните жлезди во пределот на Т зоната, а помала во останатиот дел од лицето.

Како и кај другите типови на кожа, балансот и хидратацијата е клучна при негата на комбинираната кожа. Во голем број случаи комбинираната кожа е и дехидрирана и тоа предизвикува дисбаланс и затоа, за овој тип на кожа е клучна хидратацијата, а со тоа и контролата на производство на себум или пак сувост. Понекогаш се чини дека комбинираната кожа е невозможно да се балансира, сепак, со користењето на благи, лесни и хидратантни производи во повеќе чекори како и активни состојки кои третираат специфични проблеми на комбинираната кожа, баланс може да се постигне.

 

Купи производи за комбинирана кожа

GLAM рутина за комбинирана кожа

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password