врв

Вообичаено, во текот на зимата поради ниските температури, кожата станува погруба и посува, што е сосема нормално и им се случува на повеќето. Но доколку вашата кожа е релативно груба и сува преку целата година, многу е веројатно дека вие имате сува кожа. 

Сувата кожа е резултат на помалата активност на лојните жлезди во кожата, односно сува кожа се појавува кога жлездите не произведуваат доволна количина на масло (себум) за правилно и доволно да се хидрира и заштити горниот слој на кожата. Кога имате сува кожа, особено е важно да посветите внимание на хидратација бидејќи во спротивно, вашата кожа пребрзо ќе покаже знаци на стареење.

Многу често, сувата кожа знае да прави нелагодно чувство, затегнатост, да е црвена и иритирана. Неретко сувата кожа е и сензитивна кожа, но и не мора да значи. Доколку имате сува кожа, вашите пори се практично невидливи, а тоа се должи на намаленото производство на себум.

Доколку имате мали брчки околу устата кога се смеете, тоа е уште еден знак дека најверојатно имате сува кожа. Поради помалото количество на себум присутно во кожата, на сувата кожа многу често порано се создаваат мали, фини брчки.

Исто така, сувата кожа вообичаено е тенка и ѝ недостига цврстина, а кожната бариера на сувата кожа е вообичаено компромитирана. Кожната бариера е создадена од липиди (масти) кои ја штитат кожата од прекумерна загуба на влажност, слободни радикали и бактерии. Кога е кожата сува, бариерната функција е ослабена и кожата затоа е поподложна на иритации.

Доколку вашата кожа ги имаа овие симптоми, тогаш вие треба да посветите посебно внимание на хидратација на кожата и тоа со производи кои содржат масла, кои се хранливи и богати со витамини. Воедно, третирајте ја кожата со нежни производи и ексфолирајте ја барем неделно за да ги отстраните мртвите клетки од површината, но не дозволувајте дополнително слабеење на кожната бариера. Само со добра хидратација и следење на нега во повеќе чекори, вие конечно ќе можете да го имате оној порцелански сјај кој го посакувате.

Купи производи за сува кожа

GLAM рутина за сува кожа

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

v

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password