Доколку вашата кожа често лошо реагира на нови производи и најчесто користите производи кои немаат хемикали и парфеми поради стравот дека ќе имате лоша реакција, тогаш вие најверојатно имате сензитивна кожа.
Сензитивната кожа е најчесто црвена и иритирана, чеша, пецка или пак имате чувство како да „гори“. Многу често сензитивната кожа е и сува покрај тоа што е иритирана. Ладните температури се многу тешки за овој тип на кожа и во текот на зимата таа често знае да е екстра иритирана, црвена и да се лупи. Доколку вашата кожа ги има овие карактеристики, тогаш вие имате сензитивна кожа.
Ако секој пат кога ќе воведете нов производ во вашата рутина вие имате некаква реакција, тогаш вие имате сензитивна, реактивна кожа. Екфолијацијата, особено со груби скрабови, ја прави оваа кожа дополнително реактивна. Сензитивната кожа генерално не трпи многу промени и реагира скоро на сите надворешни влијанија како и на производи за нега, особено ако се претерано силни.
Кожната бариера кај сензитивната кожа е прилично слаба. Негата кај овој тип на кожа треба да се фокусира на задржување на водата, влагата во кожата и со тоа на зајакнување на кожната бариера. Доколку имате егземи, розасцеа или псоријаза, бидете внимателни со користењето производи во кои има масла (липиди) кои теоретски треба да ја хидрираат кожата. Кај сензитивни кожи најдобро е да се користат лесни, нежни производи кои ќе и помогнат на кожата длабински да се хидрира без иритација. Тоа се производи кои содржат хијалуронска киселина, алое и слични состојки. Секако следете ја кожата и проверувајте на кои состојки реагира и пробајте да ги избегнувате истите во понатамошната нега.
Купи производи за сензитивна кожа
GLAM рутина за сензитивна кожа
***
Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.