врв

 

Масната кожа најчесто има доста масен сјај, на целото лице и тоа во текот на целата година без разлика на температурата надвор. Ако ова е случајот со вашата кожа, тогаш, најверојатно вие имате масна кожа. Кожата природно почнува да лачи повеќе масло (себум) во текот на пубертетот поради хормонските промени низ кои проаѓа телото, но ако вашата кожа и по завршувањето на пубертетот, сè уште произведува повеќе себум, тогаш дефинитивно вашата кожа спаѓа во категоријата масна кожа.

Кога кожата е масна, многу често постојат и проблеми како, црнки, акни и често исфрлување. Иако масна кожа не значи и кожа со акни, сепак, масниот тип на кожа е многу поподложен на акни од останатите типови. Ова се случува поради тоа што кожата има повеќе масло (себум) од што е потребно како и мртви клетки како и други нечистотии кои се лепат на кожата и завршуваат во порите. Во ваква средина, бактериите многу полесно се развиваат и го влошуваат проблемот со акните.

Масната кожа најчесто има проширени пори. Лојните жлезди на масната кожа се хиперактивни правејќи ги порите да изгледаат поголеми од што реално се. Овој проблем е највидлив во Т зоната (централниот дел од челото, носот и брадата)

Воедно, доколку шминката која ја користите не трае долго иако треба да матира, и вие брзо по аплицирањето имате повторно масен сјај преку целото лице, вашата кожа е масна.

Понекогаш, масна кожа може да се појави поради дехидрираност, односно недостаток на вода, влага во кожата. Кога кожата е дехидрирана, лојните жлезди го сметаат овој недостаток на вода за недостаток на себум во кожата и произведуваат повеќе од вообичаено. Доколку имате масна кожа, вам најчесто ви се препорачуваат силни препарати и производи кои практично ја соголуваат кожата, а се со цел да се избегне оној масен сјај кој го опишавме. Но, веројатно сте забележале дека овој тип на производи, само го влошуваат проблемот и предизвикуваат да влезете во еден затворен круг од кој се чини дека нема излез и дека вашата кожа ќе остане вечно масна и нечиста. Овие силни препарати физички го отстрануваат себумот од кожата и ја дехидрираат, а кожата во обид да воспостави баланс, влегува во петта брзина и произведува повеќе себум и компензира. Овој систем на справување со масна кожа дава само моментални ефекти, а на подолг рок само ги продлабочува проблемите.

Доколку имате масна кожа, користете нежни чистачи за лице како и лесни серуми и креми кои ќе ја хидрираат кожата. Маска на база на глина е исто полезна за масен тип на кожа. Има различни начини како моментално да се ослободите од масниот сјај, но она на кое треба да се фокусирате е правилна нега во повеќе чекори со кои ќе го избалансирате производството на себум.

Купи производи за масна кожа

GLAM рутина за масна кожа

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password