врв

 

Нормалната кожа е светиот грал. Таа е нахранета, хидрирана и сјајна. Нема знаци на прекумерна маснотија, ниту пак сувост, ниту пак се исфрла лесно. Овој тип на кожа е најпосакуван и е она кон кое сите се стремат.

 

Доколку имате нормална кожа, најверојатно сте ја имале и во тинејџерските денови кога сите останати имале сериозен проблем со кожата и со акни. Можеби и сте имале некој помал проблем, но истиот исчезнал заедно со пубертетот.

 

Нормалната кожа ретко се исфрла и не е склона кон акни. Порите се со нормална големина, ниту се големи, ниту се мали. Нормалната кожа најчесто нема црнки. Таа е мека на допир и скоро никогаш не е груба или пак иритирана. Нормалната кожа не реагира на надворешните промени, односно временските промени не влијаат на хидрираноста на кожата.

 

Но, од друга страна, нормалниот тип на кожа, сепак може да има проблем со хиперпигментација или пак фини брчки околу очите или устата. Исто така, нормалната кожа поради неправилна нега може да стане дехидрирана и да предизвика проблеми кои не се вообичаени за овој тип на кожа и затоа хидратацијата е исклучително важна и за овој тип на кожа.

 

Негата на нормална кожа треба да се фокусира на одржување на балансот кој таа го има и никако не треба да се запостави. Редовно треба да се чисти, тонира и хидрира и да се работи на превенција и одржување. Превентивната нега е важна бидејќи несоодветното третирање на нормалната кожа исто може да предизвика предвремено стареење и други проблеми понатаму во животот.

Купи производи за нормална кожа

GLAM рутина за нормална кожа

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password