врв

 

Почнувате со редовна нега на лице и сакате да направите основна рутина, но не знаете од каде да почнете. Наша препорака е да почнете од наједноставната рутина од само 3 основни чекори која ќе ви обезбеди основна хидратација. 

Правењето рутина за различни потреби и не е така тешко, она што понекогаш ни се чини невозможно е како да се задржи таа рутина константно за да има некаков резултат. Затоа, почнете постепено и со тек на време додавајте нови производи и чекори.

Најосновната нега за основна хидратација најлесно ќе ја постигнете со едноставната рутина од 3 чекори – миење, серум, крема. Сите 3 чекори заедно нема да ви одземат повеќе од 3 минути наутро и навечер, а ќе направат вистинска разлика.

 

Рутината започнете ја со миење на лицето со Pyunkang Yul Cleansing foam со која ќе ги исчистите сите нечистотии од порите, но нема да ја исушите кожата.

Продолжете со IUNIK Beta Glucan Moisture Serum кој длабоко ќе ја хидрира кожата во текот на денот и ќе ја остави сјајна и свежа. Ова е лесен серум кој веднаш ќе се впие и нема да остави никакви траги.

Завршете ја рутината со Pyunkang Yul АТО Cream Blue, нежна но моќна крема која дополнително ќе ја навлажни и нахрани кожата и ќе ја „заклучи“ хидратацијата од претходниот производ.

И секако, не заборавајте, ако излегувате од домот, ставете заштитен фактор Pyunkang Yul АТО Mild Sun Cream. Заштитниот фактор ќе ја заштити вашата кожа од штетните УВ зраци, ќе ве заштити од хиперпигментација и ќе оневозможи разни воспалителни процеси кои можат да се случат под влијание на сонцето.

 

И тоа е практично крајот на вашата рутина за основна хидратација.

Не е ниту тешко, ниту пак одзема многу време, а придобивките се огромни.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password