врв

Едни од најдобрите состојки во производите за нега на лице наменети против стареење се пептидите. За тоа што всушност се пептидите, кои видови пептиди постојат, која е нивната намена и кои се придобивките од нивното користење, разговаравме со Др. Искра Петровска Шешова, специјалист дерматолог од дерматолошко-естетската ординација Др. Искра.

Што се пептиди?

Пептидите се всушност кратки и долги ланци аминокиселини кои создаваат конкретни протеини (како колагенот) кои ѝ се потребни на кожата. Додавањето на пептиди во негата поттикнува создавање на повеќе колаген и еластин. Повеќе колаген и еластин во кожата прават таа да е затегната и свежа, со младешки изглед. Пептидите денес ги наоѓаме најчесто како состојка во серуми и во креми против стареење.

Кои видови пептиди постојат?

Постојат повеќе видови пептиди.

Пентапептидите се најчест вид на пептид кој се наоѓа во производите против стареење. Од оваа група, Matrixyl е идеален за стимулирање и создавање нов колаген и еластин и е најпознатиот и најупотребуваниот пептид. Тој спаѓа во групата сигнални пептиди и е пептидот кој ја прави кожата цврста, затегната и полна.  

Хексапептидите како што е Argirelin овозможуваат опуштање на фацијалните брчки и нивно измазнување. Палмитол-олигопептиди исто стимулативно делуваат на создавање нов колаген и еластин и имаат одличен ефект против создавањето на стрии. Бакарните пептиди ги намалуваат воспалителните процеси на кожата, ја подобруваат еластичноста но и придонесуваат за подобрување на нејзината структура.

Зошто се важни пептидите?

Пептидите го поттикнуваат природниот процес на создавање колаген и еластин и одлично дејствуваат во забрзување на регенративните процеси во кожата. Исто така, тие одлично дејствуваат во подобрувањето на природната заштитна бариера на кожата.

За видливи резултати, пептидите треба да се користат подолго време и тоа во идеален случај во форма на серум, бидејќи серумите се поконцентрирани и имаат поизразен антиејџ ефект.

За позразени резултати пептидите може да се комбинираат со други состојки како што се Витамин Ц, хијалуронска киселина, коензим Q10, цинк и други. За побрз и подобар ефект, покрај користењето на квалитетен производ кој е медицински и дерматолошки докажан, најдобро е да се применат и соодветни антиејџ третмани препорачани од дерматолог кои ќе го успорат процесот на стареење на кожата.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

v

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password