врв

 

Сигурно до сега сте купиле повеќе производи и не сте знаеле по кој редослед да ги користите. Дали е редоследот важен? Ако сакате да ги искористите максимално придобивките на секој од производите, тогаш, да! Редоследот по кој ги ставате производите е важен и ќе ви помогне полесно да поставите рутина и да имате негувано и хидрирано лице.

Кои се чекорите за дневна рутина и нега?

Првото и наједноставно правило е дека на чиста и сува кожа, најпрво се ставаат активните состојки, потоа одат полесни тонери и серуми, па потоа потешки серуми, па хранливи масла и на крајот доаѓа крема.

Дневната рутина треба да му обезбеди на лицето заштита од сите влијанија во текот на денот (сонце, ветер, загадување, прашина…) но и максимално да го хидрира.

Чекор 1: Чистење на лицето

Наутро, измијте го лицето или со ладна вода или пак ако имате комбинирана, масна или проблематична кожа, измијте го со благо средство за миење кое одговара на вашиот тип на кожа.

Доколку имате масна кожа, барајте пенливо средство за чистење, ако имате сува, комбинирана и нормална користете кремасто средство или средство кое по текстура е слично на лосион или пак масло, додека пак мицеларсната вода одговара на сите типови на кожа.

Купи средство за чистење лице

Чекор 2: Третман

Прв производ кој треба да навлезе длабоко во сувата и чиста кожа е некој вид на третман, најчесто серум кој има антиоксиданси кои ќе ја неутрализираат штетата која ѝ ја прават надворешните влијанија на кожата како што се УВ зрачењето, загадениот воздух итн. Овие третмани се серуми кои содржат Витамин Ц или Q10, Витамин Е или слични антиоксиданси кои се наоѓаат во основните природни состојки од кои се составени серумите.

Доколку имате зрела кожа за која користите понапредна нега или пак имате проблематична кожа, овој чекор ќе се состои од два или повеќе серуми кои содржат активни состојки кои ќе ви се потребни за ексфолијација на кожата. Доколку користите таков третман, тој доаѓа тука, во овој чекор, но, особено е важно да внимавате при комбинација на состојките како би немале непосакувана реакција на кожата.

Купи третман

Што смее и што не смее да се комбинира во негата на лице

Чекор 3: Тонирање

Иако многу луѓе не го тонираат лицето мислејќи дека тонерите ќе го исушат лицето, сепак тонерите кои се користат денес, имаат за цел да ја хидрираат кожата. Тонирањето со хидратантни тонери додават слој на хидратација која во средини со сув воздух и големо загадување, како нашата, е неопходна. Денес постојат различни типови на тонери кои покрај основната хидратација додаваат и дополнителен степен на нега со сите фини состојки кои ги имаат во себе.

Доколку имате нормална кожа за која до сега не сте користеле тонер, овој чекор не е неопходен за вас. Но, ако сакате да користите дополнителен слој хидратација, слободно, дополнете го и овој чекор во вашата рутина.

Купи тонер

Чекор 4: Хидратантен серум

Иако можеби третманите и тонерот за некои типови кожа се доволна хидратација во текот на денот, сепак, во најголем дел од случаите, овој чекор со серум чија примарна функција е хидратација и содржи состојки како глицерин или хијалуронска киселина, е практично неопходен. Третманите секако дека имаат помошни состојки кои се хидратантни, но вообичаено тоа не е доволно за повеќето типови на кожа.

Веднаш после третманите, а пред кремата за лице, на кожата треба да и се обезбеди дополнителен слој на хидратација кој ќе и помогне на кожата да го „издржи“ денот.

Овие серуми се често со покремаста содржина и личат можеби на лосиони за лице, иако може да бидат и со полесна структура, но сепак примарната цел им е дополнителна хидратација.

Купи хидратантен серум

Чекор 5: Хидратантна крема

На сите типови на кожа им треба хидратантна крема. Дури и на масната кожа, иако можеби ви се чини контра интуитивно. Крајниот чекор, хидратантната крема, е чекор чија функција е да ги задржи во кожата сите преубави состојки од сите претходни чекори и да обезбеди финална заштита и баланс на кожата во текот на денот.

Најголемиот број на експерти препорачуваат кремата за лице да се стави на скоро влажно лице (влажно од претходните чекори) за што подобро да се „затвори“ и задржи целата претходна нега.

Доколку имате масна кожа, бирајте крема за лице со гел структура, за комбинирана и нормална бирајте лосион, а за сува кожа бирајте кремаста структура, односно генерално помасен крем за лице.

Купи крема за лице

Чекор 6: Заштитен фактор

Овој чекор е можеби најважниот чекор во дневната нега. Доколку сте решиле да посветите време на нега на лицето, тогаш заштитниот фактор треба да е чекорот од кој никако не смеете да се откажете. Особено ако користите серуми со антиоксиданси.

Без разлика дали користите минерален или хемиски заштитен фактор, побарајте формула која ќе обезбеди и дополнителна хидратација без да остави бели траги на лицето кои понатаму е тешко да се прикријат доколку ставите шминка.

Кога бирате фактор, истиот по препорака од дерматолози треба да е најмалку со фактор 30 и тоа со широк спектар на делување. Воедно, заштитниот фактор треба да го нанесувате повеќе пати во текот на денот за да обезбедите целосна заштита, особено ако сте подолго време директно изложени на сонце.

Купи заштитен фактор

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password