врв

 

Дали е редоследот важен и во ноќната рутина? Апсолутно да! Ако сакате да ги искористите максимално придобивките на секој од производите, нели. Редоследот по кој ги ставате производите е важен и ќе ви помогне полесно да поставите рутина и да имате негувано и хидрирано лице.

Кои се чекорите за ноќна рутина и нега?

Како и кај дневната нега, првото и наједноставно правило е дека на чиста и сува кожа најпрво се ставаат активните состојки, потоа одат полесни тонери и серуми, па потоа потешки серуми, па хранливи масла и на крајот доаѓа крема.

Ноќната рутина треба да и овозможи на кожата природно да се обнови во текот на ноќта, така што ноќната нега треба да е посветена на третмани кои ќе на нахранат кожата и ќе ѝ го дадат она што ѝ е потребно за да се обнови и да остане свежа. Ако кожата е без сјај, ексфолирајте со нежни киселини, ако е иритирана хидрирајте и заштитете ја, ако покажува знаци на стареење користете производи кои ќе ви помогнат во намалувањето на брчките.

Чекор 1: Двојно чистење

Единствениот ефикасен начин како темелно да го исчистите лицето од сите нечистотии кои се насобрале во текот на денот, како и шминката која сте ја аплицирале, е со двојно чистење. Првиот дел од двојното чистење треба да е со маслен чистач кој ќе ја отстрани шминката и нечистотиите – нанесете мала количина од маслениот чистач на суво лице и распределете го на целото лице. Со нежна масажа отстранете ја шминката, а потоа измијте со млака вода неколку пати. Потоа со благо средство за миење (пена, гел, млеко) измијте го лицето уште еднаш со што ќе ги отстраните остатоците од маслото претходно. Со овој пристап, лицето е темелно исчистено но и хидрирано и подготвено за останатите чекори од ноќната рутина.

Купи средство за чистење лице

Чекор 2: Третман

Исто како и во дневната нега, прв производ кој треба да навлезе длабоко во сувата и чиста кожа е некој вид на третман. Зависно од потребите тоа може да биде производ кој ќе ја ексфолира кожата, производ кој ќе помогне со пигментацијата која ви претставува проблем, производ за понапредна антиејџ нега или пак производ за заштита на кожната бариера и длабока хидратација.

Доколку сметате дека на вашата кожа ѝ се потребни повеќе третмани, тогаш овој чекор ќе се состои од два или повеќе серуми кои содржат активни состојки, но особено е важно да внимавате при комбинација на состојките како би немале непосакувана реакција на кожата. Во секој случај, не запаѓајте во замката „повеќе е подобро“ и користете ограничен број на третмани за да имате максимум ефект.

Купи третман

Што смее и што не смее да се комбинира во негата на лице

Чекор 3: Тонирање

Тонирањето на кожата како дел од ноќната нега не е неопходно но е препорачливо, сепак, хидратација е секогаш во мода 🙂

Покрај активните состојки од третманите, на лицето навечер му треба дополнителна хидратација, нешто кое ќе ја одржи свежа, мека и подготвена за утринската нега.

Доколку користите тонер, аплицирајте го исто како што би го направиле тоа и во дневната нега.

Купи тонер

Чекор 4: Хидратантен серум

Третманите и тонерот за некои типови кожа се доволна хидратација во текот на ноќта, но сепак, исто како во дневната нега, во најголем дел од случаите овој чекор со серум или пак можеби и масло чија примарна функција е хидратација, е практично неопходен.

Пред да ја ставите кремата за лице, дополнете ја хидратацијата со серуми или пак масла чија примарна цел им е дополнителна хидратација. На тој начин вие ќе ја заштитите и зајакнете кожната бариера и ќе имате здрава и сјајна кожа.

Купи хидратантен серум

Чекор 5: Хидратантна крема

Хидратантната крема може да е истата која се користи во дневната нега, а може и да е со погуста, потешка структура и која ќе се апсорбира во кожата подолго во текот на ноќта. Со хидратантната крема правите „заштитен слој“ кој ќе ја задржи влагата на лицето и ќе им овозможи на сите активни и хидратантни состојки од претходните чекори да останат внатре во кожата и да си ја „одработат“ својата работа.

Доколку имате масна кожа, бирајте крема за лице со гел структура, за комбинирана и нормална бирајте лосион, а за сува кожа бирајте кремаста структура односно генерално помасен крем за лице.

Купи крема за лицe

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password