врв


Потенцијалот за иритација при користење на ретиноидите е огромен, затоа, со нив треба многу внимателно. Секоја кожа може да има придобивки од користење ретиноиди, но за да имате успех најдобро е да се консултирате со дерматолог кој ќе ви посочи која форма на ретиноид е најдобра за вас.  Секако, од правилото „секоја кожа има бенефит“ има исклучок, бидејќи доколку се бремена, пробувате да забремените или пак доите, вие не смеете да користите ниту една форма на ретиноид.

Исто, треба да имате на ум дека со користењето на ретиноиди важи правилото „ќе биде полошо пред да стане подобро„. Со правилно користење вие сепак можеби ќе имате минимални реакции како благо лупење на кожата или пак минимално црвенило, или можеби „прочистување“ – период кога ќе избијат сите нечистотии на површината во форма на акни. Но, треба да знаете дека тоа се само минливи фази во користењето и дека пропратната и дополнителна нега и хидратација ќе бидат вашиот сојузник додека вашата кожа се навикне на ретиноидот кој го користите. Редовната посета на дерматолог и козметичар исто го олеснува овој процес и дури може и да го забрза процесот на привикнување. Во секој случај, не се откажувајте, запаметете, ќе биде полошо пред да стане подобро.

Кога воведувате ретиноид во негата, следете ги следниве правила за да избегнете иритација

1. Во консултација со дерматолог одберете ја вистинската форма на ретиноид кој одговара на вашата кожа.

2. Внимавајте на јачината со која ќе почнете. Почнете од најмалата и подоцна зголемувајте согласно потребите.

3. Користете го ретиноидот исклучиво како дел од ноќната рутина. За најдобри ефекти, ставете ја активната состојка на чисто и суво лице. Особено е важно лицето да е суво бидејќи каква било влага може да ги зголеми шансите за иритација на лицето.

4. Кај ретиноидите, повеќе не е подобро. Користете мала количина, најмногу количина како зрно грашок и таа распределете ја низ целото лице, вратот и деколтето.

5. Проследете го ретиноидот со редовната рутина за нега на лице која ја имате, но фокусирајте се на хидратација. Внимавајте да не го користите ретиноидот истовремено со Витамин Ц, AHA/BHA киселини (прочитајте повеќе за комбинациите на активни состојки кои треба да се избегнуваат тука). Доколку користите други активни состојки во ноќната нега, внимавајте да се во различни вечери од оние во кои користите ретиноид.

6. Доколку имате сензитивно лице, можете ретиноидот да го нанесете при крајот на рутината, врз хидратантните серуми или пак да го помешате со хидратантната крема која ја користите и да го ставите како последен чекор од вашата нега.

7. На почеток, првите 3-4 недели, ставајте ретиноид еднаш неделно. Наредните 3 недели користете ретиноид два пати неделно. Наредните 3 недели, зголемете на 3 пати неделно. Зависно од тоа како реагира вашата кожа, вие можете понатаму, на секои 3-4 недели да зголемувате користење сè додека не стигнете до 6 или 7 пати неделно, зависно од потребите.

8. Бидете темелни во хидратацијата кога користите ретиноиди. Дури и зголемете ја, додајте тонер, серуми или потешки креми кои ќе ја зајакнат кожната бариера. Прочитајте повеќе за рутина за длабока хидратација тука.

9. Користете заштитен фактор наутро и во текот на денот по потреба. Без исклучок. Ексфолијацијата може да предизвика фотосензитивност и доколку не се користи заштитен фактор, може да се појави хиперпигментација, нешто против кое сакаме да се избориме.

10. Бидете упорни и не се откажувајте. Негата со ретиноиди не е нешто кое ќе даде резултати преку ноќ. Колку подолго користите, толку подобри резултати ќе имате.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password