врв

 

Веќе не сте почетници, основната хидратација ви е дел од секојдневиетo. Сакате посериозна хидратација на лицето, но воедно сакате рутината да не ви одземе премногу време.

Оваа рутина е практично основната хидратација со дополнителен чекор кој лесно ќе го инкорпорирате во дневната и ноќната рутина. Значи 4 чекори и максимум 4 минути за сјајно и прекрасно лице.

Почнете ја рутината со миење на лицето со iUNIK Centella Bubble Cleansing Foam. Со меурчињата отстранете ги нечистотиите и подгответе го лицето за следните чекори.

Продолжете со Pyunkang Yul Essence Toner или Pyunkang Yul Mist Toner како втор чекор од оваа рутина. Овие тонери се неверојатно благи, а екстремно хидратантни. Се впиваат лесно и брзо, а можете да ги ставите и во неколку слоја, зависно од потребите. Доколку ја чувствувате кожата дека бара повеќе хидратација, ставете 2-3 слоја од тонерот, ако имате еден од оние денови кога вашата кожа сама по себе изгледа супер, ставете само еден.

Следниот чекор е хидратантен серум како Pyunkang Yul Moisture Serum. Овој серум во форма на емулзија ќе се впие брзо, а вие ќе имате хидрирано лице благодарение на мешавината на екстрактот од Coptis japonica root и маслиново масло формулирани специјално за длабока хидратација. Доколку имате сензитивна, комбинирана, масна или кожа склона кон акни, вие ќе имате најголеми придобивки од овој серум.

Алтернативно, доколку имате нормална, сува или зрела кожа, користете го iUNIK Propolis Vitamin Synergy serum кој покрај хидратацијата ќе ја потхрани и ќе ја смири кожата.

Последниот чекор е хидратантна крема како iUNIK Beta Glucan Daily Moisture cream за дополнително да го хидрирате лицето, но и да ја заштитите кожната бариера со природната состојка  Beta Glucan – третата генерација состојки за хидратација со многу помоќно дејство и од хијалуронската киселина.

И секако, не заборавајте, ако излегувате од домот, ставете заштитен фактор Pyunkang Yul АТО Mild Sun Cream. Заштитниот фактор ќе ја заштити вашата кожа од штетните УВ зраци, ќе ве заштити од хиперпигментација и ќе оневозможи разни воспалителни процеси кои можат да се случат под влијание на сонцето.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password