врв

 

Доколку почнувате со нега на лице во повеќе чекори, има неколку основни правила кои треба да ги знаете и кои ќе ви помогнат да ја користите комплетната нега за лице без иритации, а воедно да извлечете максимум придобивки.

Тестирање на нови производи во рутина

Прво и основно правило е тестирањето. Иако можеби немате сензитивна кожа, сепак, секој нов производ во рутината треба да го тестирате дали ви одговара. Ставете капка-две од производот на внатрешната страна на лактот и почекајте најмалку 12 часа за да видите дали ќе имате реакција. Доколку не изреагирате, слободно ставете го производот на лице.

Безбедно воведување на нови активни состојки

Секогаш воведувајте производи со активни состојки полека и внимателно. Не паѓајте во замката „повеќе е подобро“ и не воведувајте повеќе активни состојки одеднаш и во последователни денови. Првите две недели од користењето, секоја нова активна состојка треба да се става на лицето преку еден ден или пак најдобро два пати неделно во првите две недели. Доколку нема реакција, тогаш може да се зачести апликацијата на повеќе пати неделно и постепено да се дојде до секојдневна употреба. Доколку планирате да употребувате повеќе активни состојки во истата дневна или ноќна рутина тогаш секоја активна состојка користете ја наизменично во различни денови. Кога лицето ќе се адаптира на состојките, и доколку истите не се меѓусебно конфликтни, тогаш можете на третата или четвртата недела од користењето да почнете да ги користите активните состојки заедно во истата рутина. Доколку се конфликтни состојки кои потенцијално може да направат реакција, користете ги наизменично во различни денови од неделата.

Што смее и што не смее да се комбинира во негата на лице

Основни насоки за редоследот во креирање на рутина

Како генерално правило за редоследот на користење на нега на лице е дека на суво и чисто лице прво се ставаат активните состојки. Лесни, водени серуми, тонери и есенции доаѓаат по активните состојки, а пред потешки серуми и емулзии. Масла доаѓаат после потешките серуми, а на крај се завршува со хидратантна крема која треба да ги задржи сите хранливи состојки внатре во кожата.

Доколку користите активна состојка како третиноин или ретинол, а имате реактивна кожа, тогаш можете истата да ја користите после лесните серуми. Ако имате сензитивна кожа, измешајте го третиноинот или ретинолот со хидратантната крема.

Доколку имате кожа склона кон акни и покрај третиноин/ретинол користите дополнителен третман со некој вид на киселина (на пример салицилна), тогаш истата користете ја наизменично во различен ден со третиноинот/ретинолот.

Како да се користи третиноин или ретинол за антиејџ, без иритација 

Негата на лице го вклучува и вратот и деколтето

Не заборавајте, целата нега која оди на лице, треба да оди и на врат и деколте. Не сакаме да светне лицето, а да свене вратот.

Вратот и деколтето многу брзо ја губат еластичноста и се првите делови од телото на кои може лесно да се забележи појава на предвремени брчки. Затоа, хранете ги и негувајте ги секојдневно и третирајте ги исто како што го третирате и лицето.

Користењето крема за очи не е неопходно

Вашата рутина во повеќе чекори сигурно веќе содржи серуми или креми чија основна цел е хидратација на лицето или пак производи кои се благи и нежни за лицето но сепак имаат антиејџ својства. Сите тие производи може слободно да се аплицираат и на кожата околу очите и да ги овозможат истите бенефити без да се користи посебно крема за очи. Но внимавајте, киселини и состојки кои ја ексфолираат кожата никако не смеат да дојдат во допир со кожата околу очите. Истражете добро и потоа користете.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

v

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password