врв
Image Alt

FAQ Page

Дали треба да се регистрирам за да купувам на BeautyHub?

Не. Вие можете да купувате на BeautyHub и без да регистрирате кориснички профил. Купувањето е едноставно и брзо, но вие сепак ќе треба да ја пополните формата за наплата и да оставите основни податоци за да можеме да ви ја испорачаме нарачката во најбрз можен рок.

Дали податоците кои ги оставам се безбедни?

Вие и вашите податоци при користењето на www.beautyhub.mk сте безбедни и заштитени. Нашата веб страница нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка или пак бројот на банкарска сметка. Вашата интернет трансакција ќе биде процесуирана преку НЛБ E – commerce системот кој функционира со безбедносни протоколи оневозможуваат каква било злоупотреба. За повеќе информации прочитајте ја нашата Политика за приватност.

Кои картички ги прифаќате?

Плаќањето на www.beautyhub.mk може да се изврши со MasterCard Worldwide и Visa International, како и со други домашни платежни картички издадени од македонски банки, Diners Club и Discover.

Како и кога ќе ми биде испорачана нарачката?

Испораката се врши од понеделник до петок, од 08:00-16:00 со курирска служба во рок од 3 до 5 работни денови од нарачката за Скопје и максимум 7 работни денови за останатиот дел од Македонија. Сите нарачки кои се направени во петок, во текот на викендот или пак во друг официјален неработен ден ќе се процесираат на следниот прв работен ден.

Дали испораката е бесплатна?

Доставата на производите е бесплатна за нарачки над 1200 денари.

Дали може да добијам тестери?

Да. Всушност, со секоја нарачка, од нас ќе добиете тестери од производи кои во моментот ги имаме на располагање.

Дали може да вратам веќе нарачан производ?

Секако. Доколку доставените производи се оштетени или одреден производ недостасува од нарачката, вие ќе треба веднаш, односно во рок од 24 часа да нè информирате на info@beautyhub.mk или на 076 781 320 за евентуална замена на производот или дополна на нарачката. Нашите оператори ќе ве информираат за понатамошните чекори во најбрз можен рок.

Во случај да сметате дека производот кој сте го купиле не одговара на описот, вие можете истиот, неискористен и во оригиналната амбалажа да го вратите назад за што ќе не информирате на info@beautyhub.mk.

Колку чекори треба да има рутината за нега на лице?

Генерално, не постои стриктно правило за тоа колку чекори треба да има во рутината, и кои производи конкретно треба да ги користите. Но за полесно да навигирате во светот на добрата нега на лице, за вас подготвивме начелни насоки за тоа што би било добро да користите и по кој редослед. Прочитајте повеќе на Glam Guru.

Како да знам дали мојот тип на кожа е нормална?

Нормалната кожа е нахранета, хидрирана и сјајна. Нема знаци на прекумерна маснотија, ниту пак сувост, ниту пак се исфрла лесно. Нормалната кожа ретко се исфрла и не е склона кон акни. Порите се со нормална големина, ниту се големи, ниту се мали. Таа е мека на допир и скоро никогаш не е груба или пак иритирана. Прочитајте повеќе на Glam Guru.

Како треба да го негувам лицето ако имам комбинирана кожа?

Како и кај другите типови на кожа, балансот и хидратацијата е клучна при негата на комбинираната кожа. За овој тип на кожа е клучна хидратацијата, а со тоа и контролата на производство на себум или пак сувост. Иако понекогаш се чини дека комбинираната кожа е невозможно да се балансира, сепак, со користењето на благи, лесни и хидратантни производи во повеќе чекори како и активни состојки кои третираат специфични проблеми на комбинираната кожа, баланс може да се постигне. Прочитајте повеќе на Glam Guru.

Како да препознаам дали имам масна кожа?

Масната кожа најчесто има доста масен сјај, на целото лице и тоа во текот на целата година без разлика на температурата надвор. Ако ова е случајот со вашата кожа, тогаш, најверојатно вие имате масна кожа. Кога кожата е масна, многу често постојат и проблеми како, црнки, акни и често исфрлување. Иако масна кожа не значи и кожа со акни, сепак, масниот тип на кожа е многу поподложен на акни од останатите типови. Масната кожа најчесто има проширени пори. Лојните жлезди на масната кожа се хиперактивни правејќи ги порите да изгледаат поголеми од што реално се. Овој проблем е највидлив во Т зоната (централниот дел од челото, носот и брадата). Прочитајте повеќе на Glam Guru.

Како треба да се грижам за сува кожа?

Доколку вашата кожа е сува, тогаш вие треба да посветите посебно внимание на хидратација на кожата и тоа со производи кои содржат масла, кои се хранливи и богати со витамини. Воедно, третирајте ја кожата со нежни производи и ексфолирајте ја барем неделно за да ги отстраните мртвите клетки од површината, но не дозволувајте дополнително слабеење на кожната бариера. Прочитајте повеќе на Glam Guru.

Дали мојата кожа е сензитивна ако лошо реагирам на многу производи за нега?

Најверојатно да. Воедно, сензитивната кожа е најчесто црвена и иритирана, чеша, пецка или пак имате чувство како да „гори“. Многу често сензитивната кожа е и сува покрај тоа што е иритирана. Ладните температури се многу тешки за овој тип на кожа и во текот на зимата таа често знае да е екстра иритирана, црвена и да се лупи. Прочитајте како да ја негувате сензитивната кожа на Glam Guru.

Како да направам рутина со нови производи а да немам реакција?

Доколку почнувате со нега на лице во повеќе чекори, има неколку основни правила кои треба да ги знаете и кои ќе ви помогнат да ја користите комплетната нега за лице без иритации, а воедно да извлечете максимум придобивки. Прочитајте како да го негувате лицето без несакани реакции на Glam Guru.

Што смее и што не смее да се комбинира во негата на лице?

Креирањето рутина е начин како да извлечете максимум од сите активни состојки во производите кои сакате да ги користите. Но, рутината која сте ја креирале може да предизвика сосема спротивен, негативен ефект, доколку активните состојки кои се употребуваат не се комбинираат правилно. Прочитајте повеќе за комбинациите на активни состојки кои треба да се избегнуваат на Glam Guru.

Дали редоследот по кој се користат производите во дневната рутина е важен?

Ако сакате да ги искористите максимално придобивките на секој од производите, тогаш, да! Редоследот по кој ги ставате производите е важен и ќе ви помогне полесно да поставите рутина и да имате негувано и хидрирано лице. Прочитајте повеќе за основните правила за креирање на дневна рутина на Glam Guru.

Дали редоследот е важен и за ноќната нега?

Секако. Како и кај дневната нега, и во ноќната редоследот по кој ги ставате производите треба да ви овозможи максимум ефект. Првото и наједноставно правило е дека на чиста и сува кожа најпрво се ставаат активните состојки, потоа одат полесни тонери и серуми, па потоа потешки серуми, па хранливи масла и на крајот доаѓа крема. Прочитајте повеќе за основните правила за креирање на ноќна рутина на Glam Guru.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password