врв

 

 

Веќе се чувствувате подготвени за посериозна рутина која покрај хидратација ќе ви овозможи и дополнителни придобивки со состојки кои се ваш сојузник против времето.

Рутината за основна антиејџ нега е рутина од 5 чекори во која покрај производите за хидратација и наутро и навечер се вклучени и производи со активни состојки. Производи кои имаат своја функција во дневната нега и функција во ноќната нега за да дадат максимум резултат кај сите оние кои започнуваат антиејџ нега.

Почнете ја дневната рутината со миење на лицето со Pyunkang Yul Cleansing foam со која ќе ги исчистите сите нечистотии од порите, но нема да ја исушите кожата, а лицето ќе е подготвено за следните чекори.

Продолжете ја рутината со SomeByMi Galactomyces Pure Vitamin C Glow, нежен но моќен серум антиоксиданс, кој покрај активната состојка (Витамин Ц 3%) ќе обезбеди и длабока хидратација со ферментот од Galactomyces. Воедете го овој серум внимателно и постепено за да ги минимизирате шансите за иритација. Користете го овој серум само во дневната рутина.

Алтернативно, доколку имате сензитивна кожа, овој чекор нека ви биде iUNIK Rose Galactomyces Synergy Serum со кој ќе го обезбедите потребниот антиоксиданс (ниацинамид), но и ќе ѝ помогнете на кожата при првите знаци на стареење со активната состојка аденозин. Овој серум може да се користи и во дневната и во ноќната рутина.

Тонерот е следниот чекор во оваа рутина. Воведувањето на активни состојки потенцијално може да ја иритираат или исушат кожата доколку таа не е хидрирана. Затоа, тонерот и хидратантниот серум се неизбежни чекори во оваа рутина. Pyunkang Yul Essence Toner или Pyunkang Yul Mist Toner се неверојатно благи, а екстремно хидратантни тонери. Се впиваат лесно и брзо, а можете да ги ставите и во неколку слоја, зависно од потребите. Доколку ја чувствувате кожата дека бара повеќе хидратација, ставете 2-3 слоја од тонерот, ако имате еден од оние денови кога вашата кожа сама по себе изгледа супер, ставете само еден.

Следниот чекор е хидратантен серум како Pyunkang Yul Moisture Serum. Овој серум во форма на емулзија ќе се впие брзо, а вие ќе имате хидрирано лице благодарение на мешавината на екстрактот од Coptis japonica root и маслиново масло формулирани специјално за длабока хидратација. Доколку имате сензитивна, комбинирана, масна или кожа склона кон акни, вие ќе имате најголеми придобивки од овој серум.

Алтернативно, доколку имате нормална, сува или зрела кожа, во дневната рутина користете го iUNIK Propolis Vitamin Synergy serum кој покрај хидратацијата ќе ја потхрани и ќе ја смири кожата, или пак IUNIK Beta Glucan Moisture Serum кој длабоко ќе ја хидрира кожата во текот на денот и ќе ја остави сјајна и свежа.

Последниот чекор е хидратантна крема како Pyunkang Yul АТО Cream Blue, нежна но моќна крема која дополнително ќе ја навлажни и нахрани кожата и ќе ја „заклучи“ хидратацијата од претходниот производ. Алтернативно користете ја iUNIK Beta Glucan Daily Moisture cream за дополнително да го хидрирате лицето но и да ја заштитите кожната бариера со природната состојка Beta Glucan – третата генерација состојки за хидратација со многу помоќно дејство и од хијалуронската киселина.

И секако, не заборавајте, ако излегувате од домот, ставете заштитен фактор Pyunkang Yul АТО Mild Sun Cream. Заштитниот фактор ќе ја заштити вашата кожа од штетните УВ зраци, ќе ве заштити од хиперпигментација и ќе оневозможи разни воспалителни процеси кои можат да се случат под влијание на сонцето.

Ноќната рутина за основната антиејџ нега се состои од истите чекори – чистење лице, серум со активна состојка, тонирање, хидратантен серум, хидратантна крема.

Бидејќи во утринската нега активната состојка е антиоксиданс, во вечерната нега активната состојка која треба да се воведе е некој вид на киселина која нежно ќе ја ексфолира кожата во текот на ноќта. За таа цел, веднаш после чистењето ставете SomeByMi AHA BHA PHA 30 days Miracle Serum.

За хидратантен серум во ноќната нега искористете ја Pyunkang Yul Moisture Ampoule која со својата специфична структура ќе обезбеди и дополнителна хидратација, но и ќе ги задржи претходните состојки внатре во кожта.

Како алтернатива на хидратантната крема, за ноќната нега користете ја SomeByMi AHA BHA PHA 30 days Miracle Cream со која ќе ја хидрирате кожата, но и ќе обезбедите продолжено дејство на серумот за блага и нежна ексфолијација.

 

***

Содржините на блогот се од информативен карактер и тие не се наменети за да дијагностицираат или третираат одредена состојба или пак да се однесуваат на некој специфичен тип на кожа или пак проблем. Иако правиме напори да публикуваме актуелни информации од сигурни извори, сепак, ние во BeautyHub не можеме да предвидиме како конкретни производи ќе влијаат на секоја кожа или купувач поединечно, ниту пак може да гарантираме специфични резултати. Воедно, не можеме да ја гарантираме точноста на информациите ниту пак да преземеме одговорност за конкретен пропуст или грешка. Доколку имате некој конкретен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот дерматолог.

At vero eos et accusamus et iusto odio dignissimos qui blanditiis praesentium voluptatum.
You don't have permission to register

Reset Password